Во изминатиот период по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 38 решенија против 38 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 17 вработени им е изречена мерка парична казна, на 11 вработени мерка запирање на постапката, на девет вработени изречена им е мерка писмено предупредување и на еден вработен изречена му е мерка распоредување, а станува збор за:
- Полицаец во ПС ОН Драчево, СВР Скопје, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место и не се јавувал на радио врска);
- Полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место и не се јавувал на радио врска);
- Полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место и не се јавувал на радио врска);
- Дежурен во ПС ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не го запознал сменоводителот дека групата за интервенција се повлекла во станица);
- Полициски службеник за прифат-сменоводител во ПС ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (не предупредил полицаец да продолжи со Наредба за вршење на служба);
- Полицаец во ПС ОН Аеродром, СВР Скопје, изречена и е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Виш инспектор за прифат- сменоводител во ПСОН-Кисела Вода, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (му избегало приведено лице од ПС);
- Водич на безбедносен реон во ПС ОН Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (службен материјал за настан го изготвил на несоодветен образец и настанот не го завел во Книгата за дневни настани);
- Помошник командир во ПС за ГП и ГН Џепиште, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (не изготвил службен материјал за примена на полициски овластувања);
- Раководител на смена во ПС за ГН Попова Шапка, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Полицаец во ПС за ГН Попова Шапка, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Началник на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации, Сектор за обезбедување на личности при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Инспектор во Отсек за дефанзивно електротехничко обезбедување, Одделение за превентивно обезбедување, Сектор за превентивно обезбедување на личности и објекти при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Главен оперативен работник за ескортно обезбедување во на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации, Сектор за обезбедување на личности при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Главен оперативен работник за ескортно обезбедување во на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации, Сектор за обезбедување на личности при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Началник на Одделение за внатрешно обезбедување на резиденцијални објекти од државен интерес, Сектор за внатрешно обезбедување на објекти при Одделот за обезбедување, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Главен дежурен во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (неутврдена одговорност);
- Инспектор за прифат-сменоводител„ во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел потребни мерки и активности за расчистување на два пријавени случаи);
- Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (дозволил излез од РМ на возило, управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на Рента кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин);
- Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (дозволил излез од РМ на возило, управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на Рента кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин);
- Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не изготвил Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило);
- Началник на Одделение за полиција Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (одбил да изврши наредба од претпоставен старешина, недолично се однесувал спрема Комисијата за утврдување на дисциплинска постапка и не определил приоритет во работењето со оперативна информација);
- Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(не изготвил Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило);
- Советник за правни работи и човечки ресурси„ во Одделение за заеднички работи, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (несовесно ги извршувал работните обврски);
- Полицаец во ПК-Тополчани, ПСОН-Прилеп, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не го почитувал работниот ред и дисциплина и предизвикувал неред и насилнички се однесувал за време на работа);
- Водич на безбедносен реон во ПО Теарце, ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не се јавил на работа и не го оправдал своето отсуство);
- Полицаец за патрола и интервенции во ПО Теарце, ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не се јавил на работа и не го оправдал своето отсуство);
- Полициски службеник за прифат-сменоводител во ПС од ОН Кочани, СВР Штип, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(не носел униформа на работно место)
- Полицаец во ПК Велушина, ПС ОН Битола, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (вршел дополнителна стопанска дејност спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција);
- Водич на безбедносен реон„ во ПК Велушина, ПС ОН Битола, СВР Битола, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (овозможил на полициски службеник да биде планиран на работа кога не вршел дополнителна стопанска дејност спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција);
- Помошник дежурен ПС од ОН Кочани, СВР Штип, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(Несовесно ги извршувал работните задачи);
- Виш инспектор за општ криминалитет ООК, ОКП, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (Одбил наредба од непосреден старешина);
- Водич на безбедносен реон ПС од ОН Куманово, СВР Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“(Не дал конкретни насоки за постапување на полициските службеници);
- Главен инспектор-раководител ОКП, СВР Велес, СВР Куманово, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
- Полицаец ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Направил техничка грешка при внесување на лица во системот за контрола на лица и возила);
- Полицаец ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Во систем за контрола на патници и возила внел податоци на лица кои воопшто не биле предмет на гранична проверка);
- Главен инспектор за ЈРМ Одделение за полиција, СВР Струмица, изречена му е мерка „распоредување“ (Го злоупотребил боледувањето)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.