| четврток, 6 декември 2018 |

„Рејдиохед“ би го тужел Камерон

Фронтменот на „Рејдиохед“ Том Јорк во интервју околу проектот „Atoms for Peace“ вели дека е ужаснат од идејата да му се злоупотреби песна во изборна кампања. „Воркохоликот“ Јорк никогаш не помислувал да сработи инструментален албум.

Том Јорк, лидерот на групата Рејдиохед, се закани дека би го тужел Дејвид Камерон „до крај“  доколку британскиот премиер употреби песна на „Рејдиохед“ во изборна кампања.

– Не можам да кажам дека ми се допаѓа идејата на банкар да му се допадне нашата музика или, пак, на Камерон. Не верувам дека му се допаднала ниту „King of Limbs“ толку многу, но, од друга страна, кому му е грижа? Сѐ додека не ја искористил за кампања, мене не ми е грижа. Но, ќе го тужам до крај ако го направи тоа – вели тој за магазинот Дејзед енд конфјузд (Dazed and Confused).

Групата „Кин“ се најде во таква ситуација во 2010 година, кога нивната песна „Everybody’s Changing“ беше изведувана за време на средбите на Конзервативната партија.

– Ужаснат сум, нема да гласам за нив – посочи тогаш тапанарот Ричард Хјуз.

Додека Јорк силно се залагаше за социјални прашања и за прашања за животната средина учествувајќи во протестите на „Окупирај го Лондон“ и учествувајќи на конференцијата за климатски промени во ООН во 2009 година, признава дека политиката не е толку забавна за да пишува за неа. Деновиве водачот на „Рејдиохед“ се обидува да се смири со јога и со медитација.

– Не сум толку насилен како што бев, што е добро, бидејќи ќе изгорев ако останев таков. Секако, сè уште можам да се претворам во кошмар – вели тој.

quiz thom yorkeНа 44 години, тој сè уште е зависник од работата.

– Откако се вративме од турнеја, си дадов одмор од музиката една недела и толку беше. Но, сепак, и тоа беше лажно бидејќи постојано бев на компјутер – вели Јорк.

Однесувајќи се на минатата година, ова значи дека работел на проектот „Atoms for Peace“, чиј што деби албум е најавен за 25 февруари.

– Воопшто не е како „The Eraser“ (албумот од 2006 година). Но, не звучи ниту како албум на кој свири група… Сакавме да навлеземе во сферата на секоја песна, да нѐ понесе, бидејќи тоа е убаво чувство. Ако зависеше сѐ од мене секоја песна ќе траеше по десетина минути. За мене, албумот на „Atoms“ не е доволно игрив.

И покрај тоа, Јорк вели дека никогаш не замислувал дека ќе направи инструментален албум.

– Ги имам сите овие мали кутичиња во моето студио, а не знам како да употребам ниту половина од нив. Сериозно, уживам да пишувам стихови седнат на пијано. Изгледа дека ќе загубам интерес за ритам-машината – додава Јорк за магазинот Дејзед енд конфјузд  (Dazed and Confused).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top