Многу автори, едукација, забава, литературни читања, помош при избор на омилен наслов, умствени игри, анимација и спортски активности за деца, е сликата која ќе можете да ја видите од 20ти јуни во Скопје Сити Мол. Skopje City Summer Book Fest започнува на 20-ти jуни и трае се до крајот на месецот. Ова е прво издание и ќе трае 10 дена, секој ден од 10 до 22 часот. За време на Фестивалот дечињата ќе можат да се запознаат со изданијата на голем број издавачки куќи од Македонија, кои ќе нудат книги и умствени игри за деца. Покрај големата понуда на книги за деца, предвидена е програма за сите посетители како и намалени цени на книгите.
Присуство на автори кои ќе ги потпишуваат книгите, едукативен центар за животните на кој сите заедно со ЗОО аниматорот Војо Иванов ќе може да научат многу нови работи на тема животни, учество на Проект на УСАИД „Со читање до лидерство“ – Фондација „Чекор по чекор“ со проектот „Библиотека на Тркала“, креативни работилници со материјали за рециклирање поддржани од страна на компаниите од таа област, органски работилници одржани од страна на Беорг и Органскиот Базар, спортски активности, како и многу други интересни содржини ќе бидат реализирани за време на овој настан, кој е прв настан од оваа област.
-Настанот од едукативно забавен карактер има цел да ги поттикне младите корисно да го користат својот летен распуст, воедно да се едуцираат по пат на многу забава, а секако и да им овозможи по достапни цени да ги набават своите омилени наслови, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.