Фудбалскиот клуб Работнички, е најдоброрангиран македонски претставник на најновата ранг–листа на УЕФА за клубови, по завршувањето на сезоната 2014/15.
Популарните „романтичари“ се наоѓаат на 281.позиција, со коефициент од 4.675 поени, а зад нив е актуелниот шампион Вардар на 340. место, со коефициент 3.175. Потоа следуваат Ренова како 353.клуб во Европа со коефициент 2.925 и Шкендија, екипа што е рангирана за десет позиции послабо со коефициент 2.675.
На листата на УЕФА котираат и Тетекс на 380. место и Хоризонт Турново, кој е 402. клуб во Европа.
На чело на листата на УЕФА е Реал Мадрид, пред Барселона, Баерн Минхен и Челси. Во топ 10 се и Атлетико Мадрид, Бенфика, Шалке 04, Порто и Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



