Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено наместа засилен западен и северозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотрајни и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен северозападен ветер, а кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста.
Утринската температура околу 17, а дневната до 32 степени.
В среда ќе има поинтензивна нестабилност наместа со пообилен пороен дожд и грмежи и засилен ветер особено во попладневните часови.
В четврток ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи, а дневната температура ќе опадне за околу 7 до 10 степени во споредба со денешната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.