Изминатиов викен голем број лица колабирале дом, на пазар или на улица како резултат на високите температури, вели д-р Анита Димовска, раководител на Итната медицинска помош.
Станува збор за осум лица на возраст од 58 до 88 години од кои тројца завршиле в болница, а останатите се на домашно лекување.
Лекарите велат дека ваквата појава се должи на наглото затоплување и советуваат хронично болните да земаат редовна терапија и да не излегуваат без потреба на отворено.
Се препорачува и темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната и избегнување на консумација на лесно расипливи производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


