Утрово се запали базиликата Сен Донатиен во Нант, западна Франција, пренесува „Раша Тудеј“. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од огнот во базиликата. Според локалните медиуми, локалните противпожарни служби се обидуваат да го изгаснат огнот, а во моментов сеуште нема информации за тоа дали има повредени и колкава штета е причинета во пожарот. Пожарот избувнал околу 10. 30 часот и набрзо го зафатил целосно кровот на базиликита.
Инаку базиликата Сен Донатиен е изградена во доцниот 19-ти век и една од двете базилики во Нант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.