| четврток, 6 декември 2018 |

По 164 години Австрија повторно отвори конзулат во Битола

По 164 години, конзулатот на Република Австрија се враќа во Битола, објави „Орбис“.  Тесните политички, културни и економски врски изградени помеѓу двата народи, имаат уште многу потенцијал кој треба да биде искористен од македонските и австриските чинители, а почесниот конзул, д-р Валентина Илиева, ќе ги гради новите мостови.

Австрија е присутна во Битола подолго време, особено преку културни настани. Австриската библиотека од 2001 година е сместена во градската и универзитетска библиотека, потсети Михаел Линхарт од МНР на Австрија. Конзуларното претставништво во Битола, според него, треба да центар на сите што ги негуваат односите со Австрија или се интересираат за неа.

Генералниот конзулат на Република Австрија во Битола е уште еден чекор кон продблабочување на и онака добрите политички и економски односи помеѓу двете земји, порача државниот секретар во македонското Министерство за надворешни работи, Елена Кузмановска.

Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола покрива 12 општини и 1/3 од вкупната територијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top