| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетиот за убиството на Ангел: Немав намера да го убијам

Денеска во скопскиот кривичен суд продолжи судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров.

Naser Esterfi 2 (Custom)

Обвинетиот за убиството, Насер Ештрефи, во судницата изјави дека немал намера да го убие младото момче и денеска пред присутните ја раскажа својата страна од приказната.

Според зборовите на Насер, кога се случи убиството имал 18 години. Тој пред да стигне во дворот на матурантот во Ѓорче Петров бил сам, а откако не забележал никој го зел велосипедот и се обидел да избега, но некој почнал да вика по него од куќата да застане. Тој се испаничил, го фрлил велосипедот и почнал да трча, а потоа кога се свртел кај Европската очна болница веќе немало никој зад него. Кога стигнал до мостот го видел сега убиениот Ангел како се качува на скалите, по што му се приближил, го фатил за врат и почнал да му вика, прашувајќи го од каде е. Потоа го удрил со бокс, по што се појавил и таткото на Ангел, а тогаш тој почнал да го удира со дрво. Обвинетиот паднал на земјата, а кога некако успеал да стане кај Ангел видел нож, го земал и во моментот не ни знаел каде и кон кого замавнува со ножот, сакајќи да се спаси.

Обвинетиот Ештрефи тврдеше и дека не носел нож и не му е јасно како ножот се нашол на насипот.

Насер тогаш избега од местото на настанот, па сам ѝ се предаде на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top