Едноделните костими за капење, кои на стомакот има дизајнирана мостра што создава илузија на линија на половината, може да ви биде од голема помош. Кај дводелните костими би требало долниот дел да ви биде потемен од горниот и со што поедноставен дизајн. Горниот дел нека биде со жица. Со разиграни шари или бои, одвлечете го вниманието на горниот дел на телото.
Избегнувајте: Боксерки.
Јаболко
Ако имате т.н. „јаболко“ облик на телото ве красат широки рамења и потесни колкови.
Со помош на дводелни бикини или монокини, со еднобоен горен дел на костимот и долен дел со различни шари, вашата линија ќе изгледа урамнотежено.
Избегнувајте: Костими за капење со V изрез и мали бикини гаќички.
Песочен часовник
Жените со тело „песочен часовник“ имаат рамена и колкови со иста големина и тенка половина. Добро им стојат сите костими за капење во класичен стил.
Рамно атлетско тело
Ако имате иста големина на рамената, половината и на колковите тогаш им припаѓате на групата на атлетски градени жени. Едноделните или дводелните костими со детали околу половината ќе ви помогнат да оставите впечаток на заоблено тело. Носете костими за капење со горен дел кој се врзува или долен дел со каивче, кој ќе ви ја дефинира половината.
Избегнувајте: Еднобојни костими за капење без шари и детали и едноделни костими со хоризонтални линии.
Ниски девојки
Визуелно можете да ја издолжите фигурата со костим за капење кој има длабок рез на колковите. Така нозете ќе ви изгледаат подолги. Покрај тоа, добро ќе ви стои и едноделен костим за капење со длабоко деколте.
Избегнувајте: Костими за капење во облик на боксерки или бикини со здолниште, кои го одвлекуваат вниманието на долниот дел од телото.
Голем задник
Костимите за капење со здолниште се повторно во мода, а можете да најдете различни примероци и видови. Здолништето одлично им стои на жените со поголем задник и им дава урамнотежен изглед. Задникот можете да го прикриете и со боксерки.
Избегнувајте: Многу набори и детали на колковите, како и костими за капење со висока половина, кои го нагласуваат задникот.
Мали гради
За визуелно да ги зголемите малите гради, носете топ од бикини, кој се врзува околу вратот и е поврзан веднаш под линијата на градите. Костимите за капење со посилна текстура би можеле да ви помогнат да го одвлечете вниманието од градите.
Избегнувајте: Горен дел од костим за капење што ви е голем.
Големи гради
Најдобар избор се бикини што се врзуваат околу вратот и ги држат цврсто градите. Едноделните костими со посилна потпора на градите или спортските модели, исто така, добро им стојат на тие со ваков тип тело.
Избегнувајте: Горен дел од костим за капење без прерамки или мали бикини во облик на триаголник, кој минимално ги покрива градите.
Kрупни девојки
Добро деколте на костимот за капење или длабок V изрез може сосема да ви го промени изгледот. Темните и студени бои, како и V изрезот, ќе ѝ ласкаат на вашата фигура.
Избегнувајтe: Премногу ткаенина. Бидете умерени, но не се прекривајте премногу. Избегнувајте бело, дречливи бои и набрани ткаенини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.