Пред Кривичниот суд на Монпелје почна судењето на Никола Карабатиќ, ѕвездата на францускиот ракомет, и на петнаесет други обвинети за аферата околу натпреварот Цесон – Монпелје од 12 мај 2012 година, чијшто резултат, наводно, бил наместен поради спортски влогови во обложувалниците.
Обвинетите, се обвинети за местење односно за измама или соучество во измама. Тие се соочуваат со пет години затвор и парична казна од 375.000 евра. Судењето, во присуство на стотици акредитирани новинари, се очекува да трае две недели.
Претседателот на судот Пол Бодуан, според еден судски извор, побарал сите обвинети да бидат присутни на првиот ден од судењето, дури и ако се повикани да сведочат подоцна.
Осум поранешни играчи од Монпелје ќе бидат на обвинителна клупа. Покрај Карабатиќ, Прост и Гагиќ, Самуел Хонрубија (ПСЖ), Младен Бојиновиќ (ПСЖ), Микаел Робин (Цессон-Рен) и Исам Tej (Монпелје).
„Скандалот“ изби на 16 мај 2012 година со жалбата на француската лотарија, која забележа дека имало влогови од 104.887 евра од кои дури 102.300 дека Цесон на полувреме ќе има предност, по што ја блокира исплатата. Откако забележа дека биле ставени влогови се далеку од просечните 3.000 евра за ракометен натпревар, и тоа на повеќе места. Истрагата утврди дека овие влогови биле во неколку градови непосредно пред 10 часот, во однос од 2,9:1, со билети од 100 евра кои гарантираат анонимност на добитниците. Цесон водеше на полувреме со (15:12).
Француската лотарија на 16 мај ја предупреди централната служба за трки и игри (СЦЦЈ) на Централната управа на правосудната полиција, за можна измама преку анонимен телефонски повик. Обвинителот Патрик Дежардан зборува за екипна измама со цел да се зголеми добивката на играчите за заеднички за одмор на Ибица.
Никола Карабатиќ, Гагиќ и Tej негираа учество во измамата. Адвокатите на обвинетите сметат дека ова грешка заслужува дисциплинска, а не кривична казна. Што се однесува до Никола Карабатиќ, тој е веќе слободен бидејќи француската ракометна федерација во март 2013 година, ја поништи забраната од шест натпревари неиграње, кои му беа изречени од страна на Националната ракометна лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.