Денеска, со пуштање во функција на новата подна фонтана, повторно е отворен плоштадот „Македонија“ во скопскиот центар.
Фонтаната е со правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и со вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.
На плочите од фонтаната се поставени ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки. Визуелниот ефект на фонтаната ќе се постигне со игра на млазевите, а навечер и со игра на светлата.
Водата што прска од млазниците ќе понира меѓу плочите и ќе се враќа во системот. Атмосферските води од партерот преку каналетки ќе се одведуваат преку постојната атмосферска мрежа.
Овој проект чини околу 150 милиони денари, од кои Град Скопје требаше да обезбеди една третина од средствата, а Владата две третини.
Целата фотогалерија погледнете ја овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)
-
Некогаш беше атракција, денес фонтаната на плоштадот во Скопје е целосно уништена
-
Малолетник ограбен на фонтана во Парк: Му ја земале јакната и 200 денари
-
Град Скопје: Возачот беше предупреден, фонтаната не е предвидена да издржи камиони