Голем пожар избувна во Базиликата Свети Донасиен во Нант, Франција.
Пожарот, кој, наводно, избувнал околу 10:30, веќе уништил три четвртини од покривот на Базиликата.
Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот на објектот изграден во 19 век. Базиликата е верски објект посветен на две деца од третиот век, кои меѓу првите се покрстиле и го замениле паганството со христијанство, заради што биле измачувани и убиени од римјаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.