| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кичево сѐ уште трае средбата на Груевски со претставниции на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кичево сѐ уште е во тек средбата на Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, со претставнци на повеќе политички партии во штабот на ВМРО- ДМПНЕ.

1

Претседателот на Владата на Македонија денеска попладне допатува во Кичево по сомневањата што се појавија за наводните изборни нерегуларности во овој град. Според информациите од теренот, во Кичево по улиците има и специјални полициски сили, кои засега се без работа.

2

Груевски уште е на средба со политичките партии во Кичево, а според одредени информации во Зајас, Кичевско, имало изборни нерегуларности, односно иако во избирачките списоци имало мал број запишани гласачи, на денот на гласањето за претставници на локалната власт се појавиле повеќе гласачи.

3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top