| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ќе се сретне со шефовите на дипломатиите на Италија, Бугарија и на Унгарија

гру

Премиерот Никола Груевски денеска во Охрид ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и на Унгарија, Паоло Џентилони, Даниел Митов и Петер Сијарто.

Средбите се во рамките на министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), што се одржува во Охрид, како дел од претседавањето на Република Македонија со ЦЕИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top