Леброн Џејмс и Стефон Кари одиграа извонредни партии на петтиот меч од финалната серија за титулата во НБА-лигата, а Голден стејт е на еден чекор до вредниот пехар.
Популарните воини од Сан Франциско славеа со 104-91, предводени од Стефон Кари. Бекот постигна 37 поени, со 7 скока и 4 асистенции. Поефикасен од него на спротивната страна беше Леброн Џејмс со 40 поени и нов трипл-дабл, комбиниран со 14 скока и 11 асистенции. Тој ја доби индивидуалната битка на двајцата кандидати за МВП на финалето, но за Кари е послаткиот успех, триумфот на Голден стејт во петтиот меч. Сега неговиот тим води со 3-2 во серијата што се игра до 4 победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.