| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една жртва и пет нови заразени од вирусот МЕРС во Јужна Кореја

мерс

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска соопшти дека уште едно лице, на возраст од 58 години, починало од инфекцијата со вирусот МЕРС, а регистрирани се и пет нови случаи заразени со болеста која кај нас е позната како нилска треска. Починатиот е 16 жртва на опасната инфекција од која од втората половина на мај досега се регистрирани 150 инфицирани, од кои 17 сега се во критична состојба.

Над 5.200 лица, кои на некаков начин биле во контакт со заразените од МЕРС, сега се во карантин. Покрај Сеул, карантин воведоа и властите во градот Даеџон, 140 километри јужно од главниот град.

Во сите соседни држави, а и пошироко во Азија, здравствените власти преземаат опсежни мерки за спречување на влез на патници од Јужна Кореја кај кои постои и најмал сомнеж за инфекција од вирусот МЕРС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top