Македонија како земја-претседавач со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) денеска во Охрид ќе биде домаќин на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на државите-членки на ЦЕИ.
На состанокот ќе присуствуваат министри за надворешни работи, нивните заменици и претставници од министерствата за надворешни работи од Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина.
Покрај нив најавено е присуство и на претставници од Европската унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Советот на Евртопа, Советот на балтичките држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.