| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок во пресрет на бараж натпреварите за влез/опстанок во МФЛ

Во „Куќа на фудбалот“ одделот за натпреварување и одделот за безбедност и интегритет во текот на вчерашниот ден одржаа работен состанок со претставниците на клубовите кои од 4 до 10 јуни ќе играат бараж натпревари за влез/опстанок во повисок ранг во Македонските фудбалски лиги.

На клубовите им беше укажано да се почитуваат пропозициите во соодветните натпреварувања, да преземат неопходни мерки за безбедно одигрување на бараж натпреварите и повторно беше упатен повик за почитување на фер плеј одредбите.

Шкупи и Новаци ќе одиграат два бараж натпревари за место во Првата лига. Првиот дуел се игра на 4 јуни, додека возвратната пресметка е закажана на 7 јуни. Двата натпревари се играат на Градскиот стадион во Штип.

Гоблен – Зајази, Лабуништа – Зајази и Лабуништа – Гоблен ќе ги одиграат натпреварите на 4 јуни и на 7 јуни. Две од трите екипи ќе обезбедат место во Втората лига – Запад.

Натпреварот Превалец – Каменица Саса се игра на 4 јуни на Градскиот стадион во Кочани. Победникот обезбедува место во Втора лига – Исток.

Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top