| четврток, 6 декември 2018 |

Кориере дела сера: 10.000 жртви од кризата во Грција

гр
Бројот на жртвите од должничката криза во Грција е 10.000, објави италијанскиот весник Кориере дела Сера За пет години во Грција се самоубиле 10.000 луѓе. Една од последните жртви е 26-годишниот сиун на еден од најпознатите грчки лекари Теодорос Јанарос, директор на атинската клиника  Елпис.- Мојот син е последниот од еден бескраен список. Откако почна кризата се самоубија 10.000 луѓе. Тоа е речиси еден цел град во државата- вели Јанарос.

Директор е на клиниката од 2010 година. Доби на слава откако одби да прима поткупи од пациенти за прераспоредување во списоците за лица кои чекаат за операции во таа болница. Раскажаува дека заради кризата болниците страдаат од недостиг на основни материјали.

Тој тврди дека за таквата состојба се виновни 10-те фамилии кои ја монополизирале економијата во Грција и несоодветните сулови на кредиторите на државата како и Ангела Меркел.

Јанарос вели дека за 10.000 жртви од кризата никој не зборува и тие се погребани во тишина.

– Тоа е половина од жртвите од војната во поранешна Југославија. Но, таму имаше војна. Во овој момент ми е срам што сум Европеец, вели тој.

Како директор има плата од 1.400 евра – петпати помалку од пред неколку години. Одбил да биде дел од политичка партија и како што вели со тоа добил само непријатели. Не вози веќе автомобил туку скутер, но признава дека со себе носи пиштол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top