Измерените температури во мај во Македонија се повисоки од просечните од 0,6 до 2 степени целзиусови. Во Битола и Берово измерените температури ги надминаа досегашните највисоки регистрирани во Македонија за месец мај. Измерените количини врнежи на сите места се под просекот за овој период.
Средно месечните температури на воздухот според мерењата на Управата за хидрометереолошки работи во мај се движеа од 11,8 степени во Маврово, до 21,2 степени во Гевгелија.
Во Берово средно месечните температури изнесуваа 14,7, во Крива Паланка, 15,7, во Охрид 16,1, во Прилеп 17,3, во Битола 17,9, во Штип 19,3, во Скопје 18,9, Струмица 19,9 и Демир Капија 20,1 степен.
Средно месечните максимални температури беа над просечните вредности и исто како средно минималните температури на воздухот се повисоки за 1 до 2 степена. На две мерни места измерените апсолутни вредности на температурите ги достигнаа и ги надминаа вредностите кои се регистрирани во текот на целиот мерен период на месец мај.
Во Берово е измерена апсолутна температура од 30,6 степени исто како во 1969 година, додека во Битола е измерена температура од 34,7 степени и ја надмина температурата измерена во 2008 година од 34,4 степени целзусови.
Измерената месечна вредност на врнежи во мај годинава изнесува од 8 милиметри во Гевгелија, до 61 милиметар во Крива Паланка. Во Скопје се измерени количини 10 милиметри, во Демир Капија 12, во Струмица 16, во Охрид 17, во Штип 25, во Маворово 33, во Прилеп 35, во Битола и Берово 47 и во Лазарополе 50 милиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подгответе се: Од невообичаени високи температури и сонце одиме на 0 степени
-
Вистинско лето во октомври: Детална временска прогноза за цела недела
-
Температурата и наредниов период ќе биде под просекот за овој период од годината
-
Повеќе дожд и без пеколни температури – еве какво лето не чека оваа година!



