| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрации во Гватемала со барање за оставка на претседателот поради корупција

гватемала

Триесет илјади Гватемалци излегоа на улици во главниот град на државата за да побараат оставка од претседателот Ото Перес.

Жителите на Гватемала го обвинуват Перес дека толерирал корупциски шеми според кои високи претставници извршиле финансиски злоупотреби во системот за социјална заштита и кај царината.

Заради скандалот на 8 мај оставка поднесе вицепретседателката на Гватемала, Роксана Балдети. Уапсени беа шефот на Централната банка и директорот на националната служба за социјална заштита.

Во петокот комисијата во парламентот почна да разгледува одземање на имунитетот на претседателот поради скандалот. Мандатот на Перес истекува на 14 јануари следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top