Обвинителството во албанскиот пристанишен град Драч,почна истрага околу обвинувањата на опозицијата дека во избирачкиот список во овој втор по големина град во земјата има фиктивни гласачи.
Официјални извори од Обвинителството потврдуваат дека постои сомнеж оти во списокот има најмалку 2.800 фиктивни гласачи.
Пријавата освен до Обвинителството била доставена и до Централната изборна комисија, во која се тврди дека лажно се запишани гласачи како привремени жители на овој град.
Обвинителството испратило 600 покани а се јавиле шеесет лица ,жители на населбата „плажа“ пред се оние кои наводно издале свои станови под кирија на лицата-фиктивни гласачи.
-Од разговорот со нив дојдовме до созаннија дека тие немаат дадено свои станови под кирија.Истргата продолжува и со проверка на списоците – изјавиле од Обвинителството.
Фиктивни гласачи опозицијата посочи дека има и во избирачките списоци на други градови, но таа обвини и за купување на гласови од страна на владеачките социјалисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



