| четврток, 6 декември 2018 |

Полска предлага прием на Македонија и Србија во НАТО идната година на самитот во Варшава

Полска предлага НАТО да ги покани балканските држави Македонија и Србија за време на самитот на Алијансата кој ќе се одржи наредната година во Варшава, објавува порталот „Кирилица“.

– Ќе направиме се што е возможно идната година за време на средбата во Варшава да поканиме за свои членки нови држави, посебно Македонија и многу активната на меѓународната сцена Србија. НАТО одамна нема примено нови членки и можно е следната година тоа да се направи – изјави министерот за одбрана на Полска, Томаш Семонијак на форумот за глобална плитика во Варшава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top