| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис: Европа нема да дозволи Грција да излезе од еврозоната

Грција не верува дека нејзините европски партнери ќе дозволат таа да излезе од еврозоната, изјави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

– Јас не верувам дека некој разумен европски бирократ или политичар ќе тргне по тој пат, истакна Варуфакис.

Атина се обидува да склучи договор со кредиторите, „пари во замена за реформи“, пред истекување на рокот кон крајот на овој месец, со цел да биде одмрзната последната транша од финансиската помош од 240 милијарди евра, од што зависи опстојувањето на Грција во еврозоната.

На прашањето дали ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд блефираат, грчкиот министер одговорил дека „се надева оти е така“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top