Софи Кеј, фитнес инструктор и личен тренер, одлучи да ги разбие митовите и да им ја покаже на луѓето вистинската слика за телото на фитнес инструкторите.
Таа направи две фотографии од себе во само три минути, но на втората фотографија изгледа значително послаба.
Кеј вели дека се е до позирањето во вистинскиот агол, добрата светлина и филтрите, кои речиси секоја апликација за средување на фото ги има.
– Она што ми пречи е што денешните девојки и млади жени имаат погрешна претстава за телото. Тие ги гледаат фитнес-моделите како совршена жена, а ние не, всушност не сме. Во зависност од структурата и начинот на живот, секој човек има различно тело, и некои работи едноставно не може да „поправат“ со вежби или со диета – пишува во својот блог Софи Кеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.