Дали се сеќавате кога последен пат сте јаделе сладолед со вкус на грозје? Дали се сеќавате кога последен пат сте дури и виделе сладолед со вкус на грозје?
Да, дефинитивно не е прашање за кое треба да премногу да се замарате и веројатно дури и не сте забележиле, но вистинскиот сладолед од грозје ќе биде потешко да го најдете отколку добар политичар, а и овие “вештачките”ги нема премногу на пазарот.
Прашањето е: како тоа е можно со оглед дека грозјето е едно од најчестите овошки во светот, но се чини дека се уште не е пронајден патот како од тоа да се создаде задоволувачки десерт.
На интернет кружи урбана легенда дека првиот сладолед од грозје се обидел да го направи познатиот сладоледџија Роберт Грин, дури во 1876 година, но не успеал поради присуството на антоцијани, молекулите во овошје, со што се спречува замрзнување.
По еден век на неуспешни обидувања, истиот проблем се обиде да го реши Бен од познатиот ланец на слаткарници “Бенанд Џерис.” Тој на оваа невозможна мисија се одлучи за да ја освои Беки, сестрата на неговиот бизнис партнер. Не знаејќи што точно прави, Бен започна ја да додава во смесата за сладолед и мембраната (кожата) од грозје, што го зголеми нивото на антоцијани и предизвика создавање на леден крем дури и подобар од класичен сладолед.
Неговото откритие веднаш го однел кај Беки на дегустација, која, се разбира, потполно се воодушевила, а малку му дала и на своето куче. За нејзин и Бенов шок, кучето по неколку моменти умрело, а двајцата подоцна дознале дека грозјето за нив е премногу токсично.
Бен таа информација ја проследи до фармацевтската индустрија и властите, кои во 1982 година забранија производството на било каков ладен деликатес од грозје, а забраната ќе важи до 2028 година.
Во секој случај, една интересна приказна, но со реалноста нема баш и некоја голема врска.
Вистина, грозјето (и суво грозје) е токсично за кучињата, но не толку многу што животното умира веднаш,а и малку е нереално да се забрани производство, бидејќи како прехранбен производ, на ист начин ќе треба да се забрани и чоколадо, авокадо или суво грозје. Освен тоа, самиот факт како антоцијанин навистина делува како еден вид на антифриз, се друго може да се смета како бабини приказни, а вистинската причина зошто толку ретко се среќава сладолед грозје лежи во фактот дека тој едноставно нема природен вкус.
Точно, свежото грозје има сладок и специфичен вкус кога се јаде , но вкусот, главно, го дава н кожата која е многу тешко да се обработи и сериозно ја нарушува самата текстура на десертот. Затоа, некои производители користат вештачки вкусови.
Извор: 1.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Петте работи што не ги знаевте за Ангела Меркел
-
Најопасниот сладолед во светот: Кој сака да го проба „ѓаволскиот здив“, прво треба да потпише писмена согласност (видео)
-
Исповед: Да го знаев ова мојот син денеска ќе беше жив, во еден момент јадеше грозје, во другиот се случи трагедија (видео)
-
Која е разликата помеѓу сладолед и гелато?