| четврток, 6 декември 2018 |

Десетгодишно момче се удави во Дунав, другарите криеле за трагедијата

Другарите на малиот Ѓорѓе Пантиќ, десетгодишното момче кое во четвртокот се удави во Дунав, криеја за неговата смрт, пишува српски „Блиц“.

Децата попладнето после капење си заминале дома, но никој на родителите не кажал дека Ѓорѓе исчезнал, па по инсистирање, тие признале дека вирот го повлече телото на момчето.

По завршувањето на учебната година, Ѓорѓе сакал да прослави заедно со другарите, па заминале да се капат во Дунав. За жал Ѓорѓе не се вратил, бидејќи водата го повлекла, а според неофицијални извори тој не знаел да плива.

Мајката на десетгодишното дете, бидејќи не се вратил дома, повикала полиција, а по неколку часа трагање телото е пронајдено.

На извлекувањето на телото од реката присуствувал и мајката за да го идентификува.

„Имав пет синови и пет ќерки, сега останав без едно дете!“, изјави неутешната мајка покрај синот покриен со чаршав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top