Парламентарниот Одбор за земјоделство едногласно го поддржа ставот на хрватската Влада дека земјата треба да остане зона без генетски модифицирани организми (ГМО).
Членовите на Одборот се загрижени поради можна несоодветна правна заштита, односно, поради тужби кои можат да следуваат по потпишувањето на некои меѓународни договори, како што е Трансатланскиот трговски инвестициски пакт (ТТИП).
– Хрватска секако ќе биде слободна од ГМО и ќе инсистираме на тие позиции, истакна претседателот на Одборот, Ивица Мандиќ, кој смета дека е неопходно да се воспостави соработка со парламентите на другите земји-членки на ЕУ, со цел заедно да обезбедат поквалитетна правна заштита.
Надворешниот член на Одборот Младен Јуришиќ предупреди дека во научните кругови веќе се зборува дека најголемиот светски производител на ГМО семе, Монсанто, се заканува со тужби. И покрај поддршката на владиниот предлог, тој истакна дека лично се заземал во продавниците производите сепак да бидат јасно обележани како „ГМО“ или „ГМО free“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.