| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски неизвесен за дуелот со Чешка

Qatar 2015 M6 MKD vs TUN

Македонската репрезентација и селекторот Ивица Обрван никако да ги надминат проблемите со повредите и отсуствата за последните дуели од квалификациите за Европското првенство во Полска. На синоќешниот тренинг на листата повредени „се појави“ и името на Филип Миркуловски. Тој почуствувал болка во листот на десната нога и неизвесен е неговиот настап на натпреварот со Чешка.

Првите лекарски прегледи не навестуваат дека е проблемот е сериозен, но сепак времето за залечување на повредата е кусо.
– Мускулот на мојата десна нога не изгледа воопшто добро. Спортот колку е убав, уште толку знае да ти нанесе болка кога повредите доаѓаат кога најмногу му требаш на колективот. Посакувам пласман момци, напиша Миркуловски на својата фејсбук страница.
Ова е дополнителен проблем за бековската линија пред се во нападот по отсуството на Наумче Мојсовски и моментот дека капитенот Кирил Лазаров се уште не е 100 отсто подготвен.
Репрезентацијата на Чешка се очекува денеска околу пладне да пристигне во Скопје. Натпреварот се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top