| четврток, 6 декември 2018 |

Во Визбегово ќе се гради зграда за азиланти

Нова зграда за азиланти ќе се гради во скопското село Визбегово, пренесуваат од порталот Нетпрес.

Нова зграда за азиланти во Визбегово

Градежната компанија „Гранит“ потпиша договор со Министерството за труд и социјална политика за изградба на објект во Визбегово со станбени единици за лица со признаено право на азил.
Изградбата на овој објект ќе чини повеќе од 31 милиони денари и планирано е да биде готов за една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top