| четврток, 6 декември 2018 |

Грција подготвува контрапредлог до кредиторите

евро грцијаГрција е подготвена да им достави контрапредлот на нејзините кредитори како „мост за надминување на разликите“ околу нејзиниот долг, соопшти денеска грчки владин претставник.

Владиниот претставник, кој побарал анонимност, соопшти дека грчката преговарачка делегација утре претпладне во Брисел ќе се сретне со претставници на кредиторите.

– Блиску сме до договор како никогаш до сега, изјави истиот извор, додавајќи дека она што е потребно за договор е „политичка волја за взамено разбирање“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top