| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија реагира: Обвинувањата кон Хан се нонсенс

sredba-lideri-hanСекое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа, се огласи официјално Европската комисија, откако дел од опозициските медиуми, но и поддржувачи на Зоран Заев го нападнаа еврокомесарот Јоханес Хан за „пристрасност“ во преговорите, како и поврзаност со компанија- инвеститор во Македонија, по потпишаниот договор во Скопје на втори јуни, со што дополнително го мотивираа Зоран Заев во настојувањето да не се дојде до договор во Брисел.

han soros han soros 2 han soros 1

-Обвинувањата за пристрасност на комесарот Јоханес Хан во македонската криза се комплетно неосновани а политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор затоа што вперувањето прст кон комесарот не им помага, и уште полошо, не и помага на земјата. Ние разговаравме со повеќе министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ вчера и тие целосно го поддржуваат нашиот пристап- соопштуваат од ЕК.

СДСМ и нејзините поддржувачи имаа остри неосновани критики кон Хан веднаш по неговата изјава во Вашингтон. Опозицијата обвинуваше за наводна пристрасност на еврокомесарот Хан, во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кон нападите врз Хан се приклучи и опозицискиот лидер Зоран Заев на прес-конференција во која првично објави дека нема да присуствуваат на преговорите во Брисел.

-Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен, рече Заев.

6500000Untitled-5

785500000Untitled-6
Во острите напади кон Заев веднаш се приклучи најтесната соросова клика предводена од главниот опозициски стратег Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски. Напаѓајќи го Хан, Героски на неговиот портал Плусинфо, пишуваше дека преговорите се минирани и дека еврокомесарот Хан “говори се најдобро за режимот на премиерот Груевски, а се обидува да го „превесла“ СДСМ“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top