Унгарија би можела да донесе одлука за целосно затворање на границата со Србија за да го спречи приливот на илегални мигранти на нејзина територија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Не е праведно да ги пропуштаат бегалците. Тие треба да бидат запрени на српска територија – изјави Орбан за државното радио „Косут“.
Унгарскиот премиер најави дека проблемот со бегалците ќе биде тема на разговор со српските власти за време на неговата посета на Белград на почетокот на идниот мрсец.
– Ќе ги разгледаме сите можности, вклучително и целосно затворање на границата (со Србија) – нагласи Орбан, додавајќи дека на ова тема унгарската влада ќе расправа в среда.
Според податоците на унгарските власти, бројот на илегални мигранти кои пристигнале во Унгарија од 2.000 во текот на 2012 година, пораснал на 54.000 во периодот од почетокот на годинава. Будимпешта наведува дека 95 проценти од емигрантите во земјата влегле од Србија.
Речиси 75 проценти од емигрантите во Унгарија потекнуваат од Сирија, Ирак и од Авганистан. Покрај ова, во текот на јануари и на февруари во земјата пристигнаа и илјадници жители на Косово, во нивниот обид да заминат во некоја западноевропска земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска


