| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: ММФ не се повлекува од преговорите со Грција

грција2

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер не верува дека Меѓународниот монетарен фонд се повлекува од преговорите со Грција, иако неговиот технички тим синоќа од Брисел си замина во Вашингтон, јави ДПА.

– Не мислам, дека можете да го толкувате потегот на ММФ како повлчекување од преговорите – изјави Јункер пред новинарите во Брисел.

Тој смета дека најверојатно ќе има разговори со директорот на ММФ Кристин лагард и оти тоа не е ништо необично.

Јункер уште најави во следните денови средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top