| четврток, 6 декември 2018 |

Финалистите на „Икс-фактор“ во Скопје

Во понеделник, 15 јуни, финалистите „Икс-фактор“ ќе доаѓаат во Скопје.

Во понеделник најавено е големо дружење со најголемите ѕвезди од ова балканско шоу, токму на местото каде што и се одржуваа аудицииите за Македонија – Скопје Сити Мол.

Со почеток во 20 часот пред Скопје Сити Мол, од страната на ул. „Љубљанска“, сите ќе имаат можност да ги чујат настапите и да се дружат со финалистите.

Во Скопје доаѓаат „9 Контрол“, Боби Мојсовски, Давид Темелков и Амел Чуриќ и ќе ги изведат песните со кои стигнаа до самото финале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top