Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и културниот центар „Кула“ објавија повик за учество на креативна музичка работилница за деца и за млади, која ќе се одржи од 22 до 24 јуни во Куршумли-ан.
Повикот е отворен за сите заинтересирани деца на возраст од 7-15 години кои би сакале да научат креативно да ги трансформираат секојдневните материјали за да создаваат музика. Целта на работилницата е да соедини млади креативни умови и да им ја доближи убавината на ритамот и музиката.
Откако инструментите ќе бидат изработени, ќе се работи на различни мелодии кои децата ќе научат заедно да ги отсвират. Покрај тоа, инструментите ќе се озвучуваат и ќе се снима звукот кој го произведуваат за да се направи мелодија или такт врз основа на кој ќе се гради хармониската линија.
По завршувањето на музичкиот дел, се предвидува инструментите да се исцедат, зачинат или зготват за заедно да се послужиме со природен сок, шарена манџа и колачиња.
Ментори на работилницата се Сашо Алушевски, Иван Антиќ и Сандра Јовановска, како дел од тимот на „Македокс“ и Филис Синаноска од културниот центар Кула.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање податоци од своите деца на hakfin@gmail.com најдоцна до 18 јуни.
За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во областа на музиката, а бројот на учесници е ограничен на 20.
Работилницата е поддржана од Холандската амбасада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Даниел Жонса предавач на „Google News Lab“ гостува на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје
-
„Македокс“: Главна награда „Кромид“ за најдобар филм ја доби „Далечниот лаеж на кучињата“на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
Студентската програма на „МакеДокс 9“