За топлите пролетни и за жешките летни денови речиси нема попрактично, поудобно и поженствено парче облека од фустан. Дизајнот, стилот, боите и должината можат да бидат различни, но оваа сезона вистински хит се разните појаси и ремени кои се носат со фустани.
Сите видови ремен или појас одлично го надополнуваат изгледот и го дефинираат струкот. Тие не се само прекрасен моден додаток, туку дел од гардеробата, особено за жените кои мака мачат со дефинирање на струкот, кој треба или да се истакне или да се сокрие.
Летните фустани со ремен може да се поделат во неколку групи – од лежерни до свечени.
Лежерни
Во зависност од вкусот и од стилот на облекување, некои од фустаните може да ги носите на различни свечености, а некои дури и на работа ако тоа ви го дозволува работното место. Во зависност од должината, може да се поделат на коктел-фустани, свечени фустани со ремени, фустани со појас на врзување.
Фустани над колена
Не мора да одите на коктел-забава за да имате причина да облечете коктел-фустан. Во него ќе изгледате преубаво, елегантно и женствено, независно од пригодата за која сте го облекле фустанот. Со оглед на тоа дека должината на коктел-фустанот е некаде околу колена, овие фустани може да се поделат според материјалот и бојата. За овие фустани се многу важни видот и дебелината на ременот. Тие се како создадени за да бидат дел од фустанот, односно како додаток кој дополнува, а не се одвојува посебно од облеката.
Свечени фустани со ремен
Свечен фустан не се купува секој ден, но ако планирате, тогаш не пропуштајте да пробате фустан со ремен. Најчесто ремените на овие фустани се украсени со метал, кожа и со материјал од кој е направен фустанот.
Фустани со појас на врзување
Наместо ремен, во овој случај станува збор за појас кој најчесто е направен од истиот материјал и во истата боја како фустанот. Појасите се заврзуваат во помали или во поголеми панделки или украсни јазли. Појасите се алтернатива за жените што не сакаат ремени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.