Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се сметаат за исчезнати во одронот што, предизвикан од обилните врнежи, затрупа шест планински села во североисточниот дел на Непал, соопштија денеска локалните власти.
Силен дожд и натаму врне, поради што е и отежната спасувачката акција во областа Таплеџунг, на околу 500 километри источно од престолнината Катамнду, пренесува Танјуг.
Одронот се случил во средата навечер, додека локалните жители спиеле.
Ова се наобилните врнежи што ја погодиле оваа област во последните 27 години.
Во планинскиот дел на Непал, за време на монсунската сезона која почнува во јуни, а завршува во септември, одроните се многу чести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.