Автомобилот кој попладнево гореше во скопската населба Бутел бил во сопственост на познатиот албански пејач од Скопје, Шпат Касапи, објави „Прес 24“. Несреќата се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“, а како што истакна за медиумите и самиот пејач, причинета е само материјална штета и порача од ова да не се прави паника во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.