| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Вајгл ги разоткри лагите на соросоидите

Откако стана јасно дека Зоран Заев и неговото бегање и страв од избори се единствената причина за неуспехот на бриселските преговори, што јасно се потврди и од твитот на Јоханес Хан во кој пишува за  „немањето одговорност и лидерство на некој“, на кој што твит во одбрана му реплицираше Героски, со што јасно посочи дека еврокомесарот мислел на Заев, соросоидните медиуми пробаа повторно, како и многу пати досега, да ја лажат јавноста во одбрана на лидерот на СДСМ.

Нова тв на Борјан Јовановски пласира лажна теза дека наводно од дипломатски извори им било кажано дека, Хан мислел на Заев и Груевски кога го напишал твитот.

Оваа лага ја разби лично Иво Вајгл, известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, кој беше присутен во просторијата цело време.

Тој во изјава вели дека твитот се однесувал само на еден човек.

Имајќи во предвид дека медиумите известуваа оти Груевски, Ахмети и Тачи имале во најголем дел согласни позиции, останува фактот дека Заев е причината за неуспехот.

Покрај ова и Героски потврди со репликата кон Хан дека твитот се однесувал на Заев.

Ова е дебакл и за Заев и за медиумите на Заев и СОРОС.

Инаку, Вајгл денеска во изјава за МИА истакна дека е бесен и разочаран од неуспешниот крај на 12-часовните разговори во Брисел за надминување на политичката криза во земјата и порача дека „тој еден што не бил подготвен за компромис, на крајот донел неуспех”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Вајгл смета дека сега, кога ЕУ се трга на страна, а на македонските политичари им останува да најдат решение на кризата, дека можеби ќе биде доцна за добивање на негативен извештај на Европската комисија без препорака за отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, по што би следела и слична резолуција на Европскиот парламент.

– Јас сум бесен и разочаран и не сакам да давам изјава на тој начин. Малку да размислам… – посочи Вајгл на почетокот во разговорот со дописникот на МИА од Брисел.

Потоа, искусниот словенечки европратеник додаде дека како известувач на Европскиот парламент за Македонија и член на групата од тројцата пратеници, членови на ЕП, тој изминатите неколку недели интензивно работел на тоа да се надмине политичката криза меѓу политичките лидери во Македонија.

– Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот. Се разбира, големо е разочарувањето од односот на некои политички актери, кои очигледно немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија. Имено, и покрај заплашувањето од страна на некои европски политичари за блокирање на процесот на проширување на Европската унија, има голем интерес да и се даде на Македонија почеток на преговорите, сега е на патот нова препрека. Политички договор и демонстрација на единствена волја на македонските политичари е потребно и тие да направат се за државата да претендира кон ЕУ и почеток на преговори, посочува Вајгл.

На прашање да го посочи името на главниот виновник за неуспехот на вчерашните маратонски преговори, што според премиерот Груевски е лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој единствено пристигнал во Брисел со цел да не се договори, Вајгл, како и комесарот Хан на Твитер, одби директно да посочи име.

– Премногу сум искусен за да давам изјава за поедини личности и политичари и тоа е работа на македонските политичари. Јас можам да говорам за интересот на Македонија и македонските политичари како целост и како целина, а со цел да успееме да излеземе од кризата. Па, дури ако и само еден од политичарите не е подготвен на компромисно решение, што беше случајот синоќа, сепак, на крајот резултатот е на штета на сите, а најмногу на државата, вели Вајгл.

Европратеникот од Словенија, сега вели дека топката е целосно во Скопје и на македнските политичари е сами да се договорат за излез од кризата. Но, според него, за жал, дури и да се постигне договор во брзо време, можно е истиот да дојде предоцна за добивање на негативен извештај од Еврокомисијата и за првпат по шест години, Македонија да не добие препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

– Да се вложат напори за компромисно решение е потребно и за негово постигнување, никогаш не е доцна. Но, времето истекува и дури кога ќе дојде до договор, мислам дека ќе биде доцна кога станува збор за конкретното прашање, а тоа е извештајот во октомври на Европската комисија и потоа Резолуцијата на Европскиот парламент во однос на носење на одлука за напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Тука времето е ограничено и потребни се сите напори. ЕУ не им стои туку-така на располагање на македонските политичари. Тоа мораат да го разберат сите релевантни политичари во земјата во однос на целиот процес, дециден е Иво Вајгл.

Словенечкиот европратеник посочи дека тој, како известувач од ЕП за Македонија, има намера за активно да учествува да се најде решение за излез од политичката криза на Македонија, бидејќи, како што вели – во прашање е кандидатурата на Македонија за членство во Унијата.

– Вчера, по завршувањето на разговорите, заклучивме дека дијалогот мора да продолжи. Решение има и мора да се договори, но сега е се до македонските полтиичари, заврши Вајгл со порака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top