Во Владата денеска беше промовиран Националниот геопортал преку кој државните институции брзо, лесно и ефикасно ќе ги разменуваат т.н. просторни податоци, наместо тоа да го прават преку ЦД-а и други медиуми, како досега, што ја одолговлекуваше постапката.
Податоците, изработени согласно европските стандарди, се достапни и за граѓаните, а може да ги користат и приватните компании за свои потреби и за создавање нови производи со додадена вредност во комерцијални цели.
Како што беше речено на промоцијата, Геопорталот содржи податоци од Катастарот за државната граница, статистичките региони, населените места, единиците на локалната самоуправа и дигиталниот модел на терен, како и податоци за националните паркови од Министерството за животна средина, за староста на населението од Државниот завод за статистика и за потенцијалните точки – извори на пожари, односно мапа на сувост на шуми од Центарот за управување со кризи.
– Преку Геопорталот ќе се подигне ефикасноста и ефективноста на институциите, а воедно ќе се придонесе и за економски подем и олеснување на пристапот до потребните податоци за граѓаните и бизнис заедницата- истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски пред промоцијата.
На Геопорталот, додаде, можност за објавување просторни податоци најпрво ќе имаат 16 владини институции, Градот Скопје и Стопанската комора на Македонија. Секој од овие субјекти во претстојниот период ќе ги дигитализира, стандардизира и подготви за публикување своите податоци.
Според директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески, досега корисниците мораа да одат од една до друга институција за да ги добијат просторните податоци, а сега ќе можат тоа да го сторат многу брзо и едноставно, преку интернет.
– Геопорталот е веб решение за пребарување, преземање и публикување просторни податоци од државните институции- истакна Трпески.
Порталот е јавно достапен на интернет страницата на Катастарот, http://nipp.katastar.gov.mk. Неговото изготвување произлезе од Законот за национална инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, донесен во февруари 2014 година кој, како што нагласи вицепремиерот Пешевски, е современо решение во кое се транспонирани 65 отсто од задолжителните одредби на европската директива. Ова, подвлече вицепремиерот, јасно ја покажува определбата на Владата за хармонизација на националните геопросторни податоци со податоците од земјите членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД