Зголемено обебзедување и посебни мерки за заштита на израелската фудбалска експедиција има во Босна и Херцеговина, пред натпреварот во Зеница во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во Франција в година.
И снајперите се на готовс само за да се обезбеди мирен престој на репрезентацијата на Израел на „Билино Поле“ во Зеница.
Мечот ќе се игра утре од 20,45 часот, а дополнително страстите ги загреа Бен Сахар, репрезентативецот на Израел. Тој изјави дека ќе даде се од себе против селекцијата на БиХ и дека е особено мотивиран кога игра во „непријателска“ атмосфера и во земја што е претежно муслиманска.
Изјавата на фудбалерот на Вилјем Втори од Холандија наиде на остри критики во БиХ, но организаторите на мечот во Зеница повикаа на смирување на страстите и на коректно навивање. Стадионот „Билино Поле“ е вистински бастион на селекцијата на БиХ, а навивачите прават одлична атмосфера.
Утрешниот меч е од исклучителна важност за двете селекции. Израел по пет рунди е на третото место со 9 бода, зад Белгија и Велс со 11. Потоа следува Кипар со 6 бода, а на петтата позиција БиХ со 5 бода го затвара кругот на кандидати од групата Б за пат во Франција. Последна е Андора без бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



