| четврток, 6 декември 2018 |

Најплатената оперска ѕвезда доаѓа во Македонија: Дмитри Хворостовски на 12 јули на „Охридско лето“

 

Иако дирекцијата на „Охридско лето“ сѐ уште официјално не потврдува дека златниот баритон на Русија, Дмитри Хворосковски, на 12 јули ќе биде во Охрид, на веб-страницата на ѕвездата датумот е веќе резервиран за гостување во Македонија, пишува „Нова Македонија“.

Извесно е дека брилијантниот музичар или златниот баритон на Русија, како што многумина го нарекуваат баритонот Дмитри Хворостовски, на 12 јули доаѓа во Македонија за отворањето на најголемата музичко-сценска манифестација кај нас, „Охридско лето“. Од дирекцијата на фестивалот сѐ уште не ја потврдиле официјално оваа информација бидејќи, како што велат, ништо нема да откриваат до прес-конференцијата кога ќе ја објават целосната програма. Но, на веб-страницата на Хворостовски датумот 12 јули е веќе закажан за гостувањето во Македонија.

Концертот за почетокот на 53. издание на фестивалот на една од најбараните и најплатени оперски ѕвезди на денешницата на публиката ќе ѝ донесе неповторливо и прекрасно искуство, со што и нашата земја ќе се вброи во редот на светските музички центри што биле почестени со неговиот талент и појава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top