| четврток, 6 декември 2018 |

Мејведер најбогат спортист на планетата

mejveder

Светскиот првак во велтер категорија, Флојд Мејведер е најбогат спортист на планетата ако се сметаат годишните приходи, објави „Форбс“.

Мејведер уверливо е на врвот со 300 милиони долари заработени во 2015 година, а огромниот приход на неговата сметка е од боксерскиот дуел на столетието со Мани Пакјао. Токму неговиот последен ривал од битката во Лас Вегас е на втората позиција со „ќар“ од 160 милиони долари.

По боксерскиот тандем следат Кристијано Роналдо со 79.6 милиони долари, Лионел Меси со 73,8 милиони долари и Роџер Федерер со инкасирани 67 милион и долари.

На Балканот најмногу заработи Новак Ѓоковиќ, кој е вкупно 13. на листата на „Форбс“ со заработка од 48,2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top