| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте тајни што семејството Кардашијан не сака да се дознаат

ht_05_kylie_jenner_sweet_sixteen_ss_lpl_130819_ssh

Семејството Кардашијан во јавноста имало многу скандали. Некои им пружале поддршка, додека некои ги осудувале. Сепак, постојат некои тајни што никако не би сакале да излезат во јавност, пишува „Блиц“.

Работниците ги плаќаат со мизерна сума

622163_profimedia0161033457_ff

Своите работници во Кина ги плаќаат само 12 центи за производство на облека во текот на целиот ден, а од тоа производство имаат голем профит. Сепак не е јасно дали Клои, Ким и Кортни се дистанцирале од таа работа.

Скот Дисик има семејни проблеми

542285_skot-disik-foto-instagram_ff

Скот Дисик, кој од вечер заработува 10.000 долари, сепак имал семејни проблеми. Неговиот татко Џефри украл 3.000 долари во 2001 година од „Норт форт“ банката, но потоа избегнал неволја.

Клои можеби не е Кардашијан

613836_kloi-kardasijan-profimedia0244770769_ff

Клои одбила да направи тест за татковство, откако во јавноста се „дигна прав“ дека Ким и Кортни воопшто не личат. Кружеле шпекулации дека Крис Џенер го изневерувала мажот кога била бремена со третото дете.

Крис Џенер е задолжена за голите фотографии на Ким

565726_kris-jenner-foto-profimedia-rs_ff

Крис Џенер ја договорила насловната во „Плејбој“ на Ким. Ким признала дека мајка ѝ ѝ рекла дека треба да го направи тоа за луѓето да ја познаваат и убавите фотографии да може да ги гледа кога ќе биде на нејзини години.

Исценирано реалното шоу на Кардашијан

622734_kim-kardasijan-foto-profimedia-2_ff

Голем број епизоди од серијата за семејството Кардашијан се работени според сценарио, како сапуница. Сцената во која Ким плаче и ѝ вели на својата мајка дека била несреќна во претходниот брак, однапред е смислена, а снимките се искористени поради подобра репутација на Ким Кардашијан.

Клои не сакала деца

613835_kloi-kardasijan-profimedia0244770430_ff

Клои не сакала да има деца со Ламар, иако долго тврдела спротивно. Се противела за деца поради зависноста на Ламар од дрога и предвидела распаѓање на нивната врска, кое и се случило во 2013 година. Легално и натаму се во брак.

Роб Кардашијан има вонбрачни деца

595946_rob-kardasijan-04-foto-profimedia-rs_ff

Роб Кардашијан и „направил“ дете на една жена што ја запознал во ноќен клуб, но таа го загубила бебето неколку недели подоцна. Сепак, во последните месеци Роб на некој начин признал дека повторно чека дете од истата жена.

Ламар ја изневерувал Клои

445891_profimedia.rs0185194673odom_ff

Ламар Одом го обвинувале дека ја изневерувал Клои со многу жени. Потоа следувал скандалот поврзн со дрога. Тоа што е интересно е дека Крис Џенер се смета за виновна за проблемите на Ламар бидејќи таа сметала дека тие скандали може да му донесат на семејството популарност и да ја прикажат Клои како грижлива сопруга, која заедно со сопругот се бори против неговата зависност.

Ким спие со шминка

610083_kim-2-profimedia02214006181000x0_ff

Поранешната домашна помошничка на ова семејство открила дека секое утро белата постелнина на Ким Кардашијан била измачкана со шминка, а пудра и маскара имало на сите страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top