| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Сити го возвраќа ударот!

mancester siti 1

Сезона без ниту една титула е неприфатлива, а Сити со агресивна трансфер политика во летниот преоден рок ќе створи предуслов за тоа повеќе да не се повтори.
Целта се тројца врвни фудбалаери со фантастични индивидуални способности, кои секако можат да се вклопат во тим кој може да биде страв и трепет не само во Англија туку и во Европа следната сезона. Тоа го потврди и претседалот на клубот Калдон Ал-Мубарак кој е подготвен да издвои и повеќе од 200 милиони фунти за нови играчи ова лето.

– Разочарани сме со исходот од минатата сезона, но одиме понатаму. Тоа нема да се повтори и затоа ќе бидеме агресивни на трансфер-пазарот – тврди првиот човек на Манчестер Сити Калдон Ал-Мубарак.

Приоритет ќе биде доведување на млади играчи кои се веќе докажани светски фудбалери. Имињата се веќе познати. Од нив може да ви се заврти во глава, бидејќи се работи за Пол Погба, Рахим Стерлинг и Кевин Де Брујин.

Околу Пол Погба ќе се кршат копјата низ цела Европа. Го бараат сите а цената може да достигне и повеќе од 100 милиони евра. Сити му понуди најголема плата од 17 милиони фунти по сезона и со тоа да го направи трет наплатен фудбалер во светот. Проблемот е Јувентус бидејќи сака свежи пари и никако не прифаќа за замена некои фудбалери од другите клубови.

Втор на метата на Сити е младиот напаѓач на Ливерпул и репрезентативец на Англија, Рахим Стерлинг. Реал Мадрид е сериозно заинтересиран, но самиот фудбалер сака да остане во Премиер лигата. Затоа Сити го прави фаворит во доведувањето во своите редови бидејќи е подготвен да издвои 60 милиони фунти плус во обратен правец да го испрати Един Џеко. Дали Ливерпул ќе одговори позитивно останува да се види.

Трето име е Кевин Де Брујин кој имаше фантастична сезона во Волфсбург кој му понуди нов договор, но неговата желба е да се врати во Премиер лигата и „Граѓаните“ тоа може да го искористат. Повторно се работи за високо обештетување, „Волците“ не би се одрекле од него за сум помала од 50 милиони евра.

– Некои фудбалери ќе побараат нови предизвици – изјави Ал-Мубарак, сигнализирајќи дека управата ќе се откаже од некои играчи како би се растеретил буџетот за плати. Се спомнуваат имињата на Џеко, Насри, Јоветиќ па дури и Коларов кој минатата година потпиша нов договор.

– Ќе има многу сеназции ова лето околу трансферите. Не чека агресивна трка, но Сити е способен да доведе квалитетни индивидуалци и да ги вклопи во силниот тим кој го имаме – заврши претседателот Ал-Мубарак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top