Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, со кого ја освои титулата во Премиерлигата, многумина го критикуваат за тактиката која ја спроведуваат неговите играчи на теренот. Како и во минатато, така и оваа сезона, се користеше фразата „сака да паркира автобус“ кога неговиот тим има позитивен резултат.
Што и да прави Португалецот едноставно не може да се оддели од него, бидејќи во следните шест месеци ќе мора да го користи јавниот превоз во Лондон за да оди на работа.
Менаџерот на Челси доби шестмесечена забрана за управување на моторно возило и парична казна од 910 фунти бидејќи во зона каде ограничувањето на брзината била 50 милји, тој возел за 10 милји повеќе од дозволеното.
Мурињо веќе ги искористил негативните поени што му следуваат со возачката дозвола, па со последниот прекршок ќе мора да паузира од возење во следните шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.