| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Гиновска-Илкова ја воодушеви публиката во Софија

Пред преполн салон во Музичкиот центар „Борис Христов“ нашата позната оперска певица Весна Гиновска-Илкова одржа соло-рецитал кој ја воодушеви публиката во Софија.

Во пијано придружба на Кристина Светиева беа изведени познати оперски арии од Штраус, Лист, Рахмањинов, Верди, Маскањи, Чајковски, Пучини, како и фрагменти од нашата македонска музичка ризница, „Марика, мома убава” од Зографски и „Галебе мој“ од Прокопиев.

Весна Гиновска-Илкова во својата богата музичка кариера има настапувано на бројни светски познати музички сцени и со врвни музички партнери.

Во Република Бугарија има остварено неколку значајни оперски улоги, настапувајќи со најпознатите бугарски музички имиња.

Гостувањето на Весна Гиновска-Илкова го реализира Културно-информативниот центар на Република Македонија со поддршка на нашето Министерство за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top