| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница во Струмица за традиционални материјали за конзервација и реставрација

Во НУ Завод и Музеј – Струмица денеска ќе се одржи работилница на тема „Традиционални материјали на база на вар и нови композитни материјали и методи за конзервација/реставрација на недвижно културно наследство“ во организација на Националниот комитет – ИКОМОС Македонија и Мапеи од Италија.

Како една од најважните определби на Комитетот е да ја афирмира употребата на традиционалните градежни материјали во третманот на недвижното културно наследство (варот и неговите модификации).

Во тој контекст Комитетот потпиша Меморандум за соработка со фирмата – Мапеи од Италија/Бугарија, формирана уште во 1937 година во Италија, и која во својата палета на производи ја има таканаречената „античка линија“ која како основна определба е рехабилитацијата на употребата на варот и варовите малтери во сите варијации и додатоци, без употреба на цемент, за третман културното наследство и историските градби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top